БАЧЕВ: Подобро три премиерски оставки отколку еден потпис на штета на Македонија
Претседателот на Единствена Македонија, проф. д-р Јанко Бачев, смета дека Македонија може да ги заштити своите национални интереси преку јасно политичко единство и одлучност – дури и по цена на најмалку три последователни оставки на премиерската функција, доколку од носителите на власта се бара да потпишат нешто на штета на државата и македонскиот народ.

Професорот и претседател на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во своето гостување во подкастот „Корупцијата на удар“ а потоа и преку објава на својот Фејсбук-профил изнесе интересно видување за тоа како Македонија треба да се постави кон надворешните притисоци кога се загрозени нејзините национални и државни интереси. Бачев решението го гледа во најмалку три последователни оставки на премиерската функција, доколку премиерите бидат изложени на притисок да потпишат договори или документи што би биле на штета на Македонија и Македонците.
Според ваквото видување, пораката до странските центри на моќ би била дека во Македонија постои внатрешно единство кога станува збор за одбраната на националните интереси и дека ниту еден политичар не може да биде принуден да потпише нешто спротивно на интересите на државата и народот. На тој начин, смета Бачев, би се испратила јасна порака дека надворешните притисоци не можат да наметнат решенија на штета на Македонија и Македонците.
Погледнете ја изјавата на Јанко Бачев.

