Кој ги чува чуварите: Како универзитетите го контролираат Државниот просветен инспекторат
Почитувана македонска јавност, секоја недела ќе објавувам за се што пристигнува до мене како информација. Жално е што граѓаните ја изгубија довербата во институциите и се повеќе граѓани секојдневно ме контактираат и пријавуваат за бројни аномалии во образованието.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија
Сабота, 14 ноември 2026 година
Чудна е оваа наша Македонија! Уште повеќе зачудувачки системот на високото образование, а запрепастувачки е моделот на просветна инспекција на состојбите во актуелното функционирање на државните и приватните универзитети. Веднаш ќе напишам дека реалната ситуација е парадоксална: УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ГО КОНТРОЛИРААТ ДРЖАВНИОТ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОРАТ!
Наместо како во една сериозна правна држава Државниот просветен инспекторат да воведе ред и поредок во сите системи на образование, кај нас не се знае кој на кого му слугува. Зошто? Едноставно заради високата корупција во институцијата Државен просветен инспекторат каде во изминатите години сме сведоци на непрофесионално и неетичко однесување.
Сега со новиот директор, кој на почетокот преку комуникација со мене се обидуваше да остави впечаток дека нема да ја дозволи оваа практика, само можам да потврдам дека ќе оди на уште полошо!
КОРУПЦИЈАТА ги кочи цивилизациските трендови во образованието кај нас. Корумпирани службеници и корумпирани професори е идеалната формула за распад на системот. Се повеќе се зборува дека постои образовен картел во државата … Врз основа на кои индикатори ги засновувам овие мои тврдења. Еве ќе почнам со ред:
- Во поголем број приватни универзитети нема вработени професори со бројка која ја одредува Законот за високото образование – 10 професори по факултет! За асистенти да не зборувам. А, во Елаборатот за акредитација на студиска програма може да видите наредени и професори и асистенти. Во практика тоа е измислена именка. Деновиве преку проверка на веб страниците на универзитетите со голема разочараност можам да констатирам дека поголем број приватни универзитети, истото го има и во некои јавни Универзитети не ги исполнуваат законските услови за работа. Жално. Студентите плаќаат високо школарини, а знаењето е надвор од секоја рамка. Да не зборуваме за тоа дека нема професори од соодветната област да предаваат предмети, туку на пример предмет од една област го предава професор од сосема трета област. Ова е невиден корупциски криминал. Токму поради оваа изигрување на Законот за високо образование потребно е веднаш да се побара да се отвори истрага од Јавното обвинителство за сите вработени во Државниот просветен инспекторат кои со непревземање на мерки за почитување на законот овозможуваат криминалот и корупцијата да царуваат!
- Колку професори продаваат во своите кабинети книги на студентите? Парите ги земаат на рака директно од студентите. На поедини факултети професорите изготвуваат списоци и секој студент кој не е на списокот сигурно ќе биде паднат на испит. Посебно ги потсетувам управите на овие универзитети да спроведат внатрешна истрага и да дознаат што прават индивидуално одделни професори, со што го рушат имиџот на универзитетот. Една книга ја продаваат по 1500 до 2000 денари, а некои кои почнуваат со тоа првичната цена е 500 денари или дај шта даш за една 6-ка. Еден од студентите ми раскажа како после плаќањето на книгата кај професорот добил 10-ка и професорот го прашал да не згрешил, што било вчудоневидено за студентот. Жално е што дозволија студентите да бидат уценети со купување книги, а тоа никој да не го забележи. Затоа и да не очекуваат нови студенти. Сегашните најдобро ќе им кажат што ги чека…
Почитувана македонска јавност, секоја недела ќе објавувам за се што пристигнува до мене како информација. Жално е што граѓаните ја изгубија довербата во институциите и се повеќе граѓани секојдневно ме контактираат и пријавуваат за бројни аномалии во образованието. Јас останувам на страната на демократијата и јавноста. Колку повеќе не сум демантиран во моите писанија, толку повеќе сум убеден дека сум на вистинската страна и затоа ќе продолжам таму каде што институциите се хендикепирани. Едноставно, немам лоша намера, сакам да помогнам, сакам нашите државни и приватни универзитети да бидат високо рангирани во светот. Немам омраза кон никого, напротив сакам моите поранешни колеги да се ослобадат од стегите и да создадат услови сите универзитети да се еднакво застапени на образовната сцена.
Во ова колумна ќе биде посветена за Јавноприватниот универзитет познат како ШТУЛОВ, односно Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово, под наслов:
ОБРАЗОВНИОТ КРИМИНАЛ ЗА ИЗБОР НА РЕКТОР НА САДУДИН ИБРАИМИ
По добивањето од група професори вработени на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) , а објавено во весникот „Gjurme info“ од Тетово кои сакаат да бидат анонимни за страв од одмазда, алармираат дека ректорот на струја, Садудин Ибраими (Sadudin Ibraimi), инсталиран на 5 јуни 2025 година од академикот Абдулменаф Беџети за ректор на ЈУИЕ-Тетово, именуваниот ги прекршил критериумите на конкурсот за ректор.
Имено, според документот, кој се пласира на Универзитетот, Ибраими не ги исполнува главниот критериум за избор на ректор. Според, објавениот Оглас за ректор, а како меѓународен универзитет, како трет и многу важен критериум стои дека кандидатот за ректор треба да ги познава трите работни јазици на Универзитетот: албанскиот, македонскиот и англискиот јазик. Кога сме кај овие критериуми кандидатот Англискиот јазик треба да го познава солидно.
Според, АПЛИКАЦИЈАТА ЗА РЕКТОР( APPLICATION FOR REKTOR),што е поднесена од него во април 3.2025, под рубрика на знаење на јазикот на англиски се зборува (Усни), Ибраими, офецијално изјави дека тоа е „ BEGGINER“ (почетна).Во прилог на ниво на острата за пост како што е оваа, тој е со пишување на некој збор со катастрофални грешки ortografik ( со две „ G“ наместо на сдве „N“- Почетник)…Академскиот кадар се повикува на Министерството за образование и наука(МОН) и Државната просветна инспекција (ДПИ) на интервенција, односно извршување на вонреден инспекциски надзор како прашање на итност. Во кокретниот случај јас би додал дека не смее да молчи Претседателот на универзитетскиот одбор д-р Клаус Тохтермен, како и членовите на тој Одбор и да не се слушаат манипулациите на академикот Абдулменаф Беџети. На потег е МОН и ДПИ!
ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ДОКТОР НА НАУКИ ЗА КИНЕЗИОЛОГИЈА ДЕНИС АЛИУ
Врз основа на член 61 став 1 точка 4 од Законот за високо образование (Службен весник на Република Македонија,бр.82/2018) м-р Денис Алиу дава ИЗЈАВА заведена под број. 03-2209/ од 30.06.2022 на УЈИЕ-Тетово во која се наведува дека дава лична согласност за учество во изведување настава по одредени предмети на стручната студиска програма од прв циклус по Студии за физиотерапија-180 ЕКТС на Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ, по наставните предмети:Кинезитерапија, Техники на физиотерапевтски третман, Мануелна терапија и фитнес, Ортопетски помагала, Kinesio Taping кај деца и возрасни, спортска медицина, Алтернативни физиотерапевстски методи(Остеопатија Киропрактика Акупунтура и Cupping) и на долниот дел од Изјавата се потенцира дека на ден 12.07.2022 м-р Денис Алиу брани докторска дисертација на УКИМ-Скопје. По дадената Изјава м-р Денис Алиу истиот е заведен во Елаборатот (УЈИЕ-Тетово на 13.07.2022 година) за акредитација на стручна студиска програма по Студии за физиотерапија прв циклус на стручни студии тригодишни студии -180 ЕКТС, предлагач на Елаборатот е Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ-Тетово (истиот е предложен септември,2022). Елаборатот кој е изготвен за акредитација на студиската програма-Студии на физиотерапија во Образецот 1 под реден број11 стои име и презиме на наставникот Денис Алиу, област на кој докторирал стои доктор на науки-Кинезиологија УКИМ-Скопје, наслов на докторската дисертација „Биомеханички статус и структура на вежби на превенција и корекција на најзастапени деформитети на рбетниот столб“ и предмети што ги предава наставникот: Кинезитерапија, Техники на физиотерапевтски третман, Мануелна терапија и фитнес, Ортопетски помагала, Kinesio Taping кај деца и возрасни, спортска медицина, Алтернативни физиотерапевстски методи(Остеопатија Киропрактика Акупунтура и Cupping).
По горе наведената постапка УЈИЕ-Тетово објавува Конкурс
Врз основа на член 11 и 173 од Законот за високо образование (ЗВО)(СЛ.весник на Р.Македонија број 82/2018) и врз основа на Статутот на Универзитетот на Југоисточна Европа -Тетово(УЈЕ-Тетово), на состанок на иницијативниот одбор за основање на Факултетот за здравствени науки на УЈИЕ одржан на 07.07.2022 година, во однос на Конкурсот за избор/реизбор на еден наставник во насловно звање – доцент од областа: Фундаментална кинезиологија(50400) и Применета кинезиологија(50401) објавен на 14.07.2022 година, на веб страната на УИЕ-Тетово и во дневниот печат Лајм и Нова Македдонија на 11јули 2022, се назначува Рецензентка комисија во состав:
- Вон.проф.д-р Насер Дурмиши (претседател)
- Проф.д-р Хајрие Хундози (член)
- Вон.проф. д-р Ленче Николовска (член)
Од Извештајот од Рецензентската комисија на конкурсот објавен за избор/реизбор на еден наставник во насловно звање од областа Фундаментална кинезиологија и Применета кинезиологија, се пријавил само кандидатот:
- Денис Алију- Докторските студии ги завршил на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и се стекнал со научен степен – Доктор на науки за кинезиологија.
Мислењето и оценката на Рецензионата комисија цени дека кандидатот др-сц. Денис Алиу не ги исполнува барањата да биде избран за насловен доцент од областа Фундаментална кинезиологија и Применета кинезиологија на Факултетот за здравствени науки на УЈИЕ-Тетово.
Рецензионата комисија по изложениот предлог дека кандидатот Др.сц.Денис Алиу доктор на науки по кинезиологија, не може да биде избран за насловен доцент од областа: Фундаментална кинезиологија и Применета кинезиологија на Факултетот за здравствени науки на УЈИЕ-Тетово го истакнува без образложение. На предлогот на Рецензионата комисија свој потпис имаат само претседателот вон.проф. д-р Насер Дурмиши и Вон.проф. д-р Ленче Николовска додека третиот рецензент: Проф.д-р Хајрие Хундози, член не е потпишана во Рефератот на извештајот. Заведено на 18.08.2022 година, Тетово.
После оваа постапка, ректорот на УЈИЕ-Тетово, акад.проф.д-р Абдулменаф Беџети на 13.09.2022 година, донесува Одлука бр.09-3002/2 за престанок на постапката за избор/реизбор на наставник во насловно звање-Насловен Доцент. Истата постапка не е објавен во Универзитетскиот Билтен на ЈИЕ-Тетово и не е писмено информиран кандидатот Денис Алиу.
Доставена претставка до ДПИ од страна на Денис Алиу на 11.07.2023 година
Доставената претставка до Државниот просветен инспекторат (ДПИ) од страна на Денис Алиу со кој го информира инспекторатот како што наведува: „ за злоупотреба на мојата диплома за акредитација на предметите кои спаѓаат во фундаменталните и применетата кинезиологија при Факултетот за здравствени науки на УЈЕ во Тетово“.
Подносителот на претставката наведува дека на ден 29.06.2022 во просториите на Универзитетот „потпишав Изјава дека се согласувам да учествувам во изведувањето на настава по предметите: Кинезитерапија, Техники на физиотерапевтски третман, Мануелна терапија и фитнес, Ортопетски помагала, Kinesio Taping кај деца и возрасни, спортска медицина, Алтернативни физиотерапевстски методи (Остеопатија Киропрактика Акупунтура и Cupping)….По потпишувањето на Изјавата законски требаше да следи договор за вработување, но тоа не се случи…. По објавувањето на Конкурсот наведува подносителот на претставката на ден 14.07.2022 година, и по затворањето на конкурсот до денешен ден немам добиено никакво известување/официјален документ за некаква одлука од наведената институција, а бев и единствен кандидат пријавен на конкурсот.
За причините зошто не сум избран до денешен ден немам никаква официјална информација. Понатака, како што наведува Денис Алиу до ден денешен немам никаков одговор? На ден 7.06.2023 година (после една година м.з)добив мејл со некаков одговор… Во рецензијата увидов дека рецензионата комисија е несоодветна за рецензирање на кадри од областа на Кинезиологијата и на истата има потписи од двајца несоодветни рецензенти, што се коси со Законот.
По добиениот мејл , на 13.06. 2023г. наведува Алиу, „јас поднесов приговор до Сенатот на Универзитетот (кој Ви го доставувам во Прилог) на документацијата до Вас). На доставениот приговор до Сенатот се уште немам добиено никаков одговор.
Факултетот е акредитиран истакнува приговорачот Алиу во содветната институција (АКВО) и таму стои моето име и презиме како кадар во студиската програма за физиотерапија за што лучно сум сум информиран од директорот на АКВО по СМС порака. Како што истакнува приговорачот Алиу „ Ова е доказ дека сум искористен и злоупотребен во процесот на акредитацијата”…
Што констатираат Државните просветни инспектори Соња Зашовска, Тони Илиев, и Даниела Кироска по претставките на Денис Алиу?
Што констатира Државниот инспектор по труд, а што Државниот просветен инспектор Соња Зашовска
По извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспектор по труд во Записникот 0907-711 од 11.07.2023г и од приложената документација се уврдува дека Државниот инспекторат за труд не е надлежен да постапува во однос на објавениот оглас и согласно член 5 од Законот за постапување и предлози (Сл.весник на РМ бр.82/2013, 193/2015) истата ќе биде испратена до Државниот просветен инспекторат за понатамошно постапување. По доставената иницијатива од страна на Државниот инспектор по труд до Државниот просветен инспекторат, по задолжение на директорот на ДПИ се задолжува Државниот просветен инспектор Соња Зашовска да изврши вонреден инспекциски надзор на УЈИЕ-Тетово, по доставената претставка на Денис Алиу. Од извршениот вонреден инспекциски надзор по доставената претставка со Записник ИП1бр.09-637 од 4.09.2023г. Државната просветна инспекторка Соња Зашовска, го известува поднесувачот на преставката Денис Алију со следната содржина: „ Ве известувам дека во однос на поднесената иницијатива до Државниот просветен инспекторат постапено е согласно член 31 од Законот за просветна инспекција. Од извршен вонреден инспекциски надзор, не се воочени „неправилности и постапката се запира“.
Што констатира инспекторот Тони Илиев?
По добиената претставка и по задолжение од директорот на државниот просветен инспекторат Државниот просветен инспектор, Тони Илиев, го врши вонредниот инспекциски надзор врз основа на Претставката на Денис Алиу од Записникот ИП1бр.09-591 од 11.09.2023г. од извршениот вонреден инспекциски надзор на УЈЕ-Тетово, инспекторот ги прибира документите при надзорот и тоа:
- Решение за почеток со работа на студискта програма 08-1133/4 од 22.11.2022г.
- Одлука за формирање за рецензиона комисија 03-2424/3 од 08.07.2022г.
- Оглас за избор на наставник во насловни звања-Насловен доцент 04-2499/1 од 14.07.2023г.
- Рецензија од 03-3002/1 од 13.09.2022г.
- Одлука за престанок на постапката за избор 09-3002/2 од 13.09.2022г.
- Записник од Државниот инспектор за труд 0907-711 од 11.07.2023г.
Државниот просветен инспектор Тони Илиев, констатира од вонредниот инспекциски надзор на УЈИЕ-Тетово во Записникот ИП1бр.09-591 од 11.09.2023г и од констатацијата на прибраните (6) документи инспекторот Тони Илиев не констатира „незаконитост и предметот го запира“???
Третиот Записник ИП1бр.09/2-557од 17.06.2024г. од просветната инспекторка Даниела Кироска
Подносителот на претставката Денис Алиу бара од Државниот просветен инспекторат да се изврши вонреден инспекциски надзор на УЈИЕ-Тетово за проверка и злоупотреба на горенаведото лице, односно неговото евидентирање во списокот на лица наведени во Елаборатот. Преку кој Елаборат високообразовната институција (ЈИЕ-Тетово) се стекнала со решение за акредитирање и почеток со работа, како и за неправилности при постапката за избор во звање доцент при Факултетот за здравствени науки на УЈР-Тетово…
Од записникот ИП1 бр.09/2-557 од 17.06.2024 г.Државната просветна инспекторка Даниела Кироска, констатира дека „во Елаборатот бр.08-30/5 од13.07.2022г. за акредитација на стручна програма по Студии по физиотерапија, прв циклус на стручни студии…наведува инспекторката дека под реден број 11 со име и презиме стои Денис Алиу во Елаборатот. Инспекторката само констатира дека рецензионата комисија за Денис Алију по објавениот Оглас на 14.07.2022г. од страна на УЈИЕ-Тетово, донело негативно решение за наставно-нучно звање „доцент„….Инспекторката Даниела Кироска на крај констатира дека не се „утврдени неправилности во работата на субјектот“.
Моја констатација од извршените вонредни инспекциски надзори на УЈИЕ-Тетово, од страна на Државните просветни инспектори Зашовска, Илиев и Кироска!
Државните просветни инспектори кои извршиле вонредни инспекциски надзори на УЈЕ-Тетово, а во врска со акредитацијата на стручната студиска програма по Студии за физиотерапија-прв циклус на стручни студии (180 ЕКТС) на Факултетот за здравствени науки, ја даваат истата констатација, а тоа е: вонредните инспекциски надзори и прибраните наведени документи инспекторите им приоѓаат паушално,односно формално, непрофесионално, наместо суштински, согласно главните начела при вршењето на инспекцискиот надзор кои ги налага и се суштински согласно Законот за инспекциски надзор (ЗИН), Законот за просветна инспекција (ЗПИ), и членовите од Законот за високо образование (ЗВО) како и потзаконските акти. Ова е голем Срам и Образовен криминал!
Каде се елементите на образовниот криминал на Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово
Инспекторите во своите записници од извршените вонредни инспекциски надзори констатираат дека „нема незаконитости“. И предметот го затвораат.
Еве кај се нивните пропусти од извршените вонредни надзори на УЈЕ-Тетово
Прво, формираната рецензиона комисија за избор на насловен доцент од областа на фундаменталната кинезиологија и применета кинезиологија. Инспекторите требало да констатираат дали рецензионата комисија е согласно ЗВО. Составот на рецензионата комисија како што се опишува е во директна спротивност со ЗВО, како и со меѓународната академски стандарди за избор во наставно-научни звања. Доколку двајца од трите членови на комисијата се од областа неуропсихологија и физијатрија, тие не ја преставуваат матичната област на Конкурсот (Фундаментална и применета кинезиологија), што ја прави самата комисија нелигитимна..
Според ЗВО, членовите на рецензионата комисија мора да бидат избрани од истата или сродна научна област(матична област) за која е распишан конкурсот.
- Дали знаат инспекторите кои вршеле инспекциски надзори дека: Кинезиологијата -припаѓа во општествени/спортски науки или специфични применети здравствени дисциплини (наука за движењето). Неуропсихијатријата и физијатријата се тесни медицински специјалности и немаат право да оценуваат трудови од кинезиологијата.
- Потенцијални причини за блокирање на Билтенот, може да биде главна причина зошто рефератот за кандидатот Денис Алиу воопшто не се појавил Билтенот на ЈИЕ-Тетово на 18.08.2022 г.
Ако стручните служби за правни прашања или ректорот на УЈЕ-Тетово при прегледот утврдиле дека рецензионата комисија е формирана незаконски и спротивно на статутарните акти на УЈЕ-Тетово тие биле должни:
- Да го стопираат објавувањето на рефератот
- Да го поништат изборот на конкурсот
- Да побараат од Факултетот за здравствени науки да формираат нова соодветна комисија со професори по кинезиологија доколку нема на УЈЕ, должни се да ангажираат професори од други универзитети
Поднесениот Елаборат од УЈИЕ-Тетово до АКВО
Со поднесениот Елаборат од страна на Универзитетот доставен до Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО) за акредитација за стручна студиски програми по Студии за физиотерапија прв циклус на стручни студии тригодишни студии-180 ЕКТС од Факултетот за здравствени науки (септември 2022) при УЈЕ-Тетово, и во Елаборатот е евидентиран во (АКВО) стои м-р Денис Алиу (доказ: Записник бр.03-1375/5 од 03.11.2023 г АКВО) и предмет програма од прв циклус од предметите: Кинезитерапија, Техники на физиотерапевтски третман, Мануелна терапија и фитнес, Ортопетски помагала, Kinesio Taping кај деца и возрасни. Со што се констатира дека акредитацијата е стекната на незаконски начин. Од тука произлегуваат и правни последици за акредитацијата на студиската програма по Студии за физиотерапија прв циклус на стручни студии-180 ЕКТС на Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ-Тетово.
Со самиот факт се докажува дека податоците во Елаборатот се лажни, тогаш институционалните последици се ригорозни со одземање (поништување) на акредитацијата: Одборот за акредитација при АКВО е должен по службена должност или по пријава да го преиспита Решението за почеток со работа студиската програма на прв циклус на студии(180ЕКТС) по Студии за физиотерапија на Факултетот за здравствени науки при Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово. Доколку се утврди манипулација со кадровски минимум, акредитацијата се поништува. Запишаните студенти нема да можат да добијат валидни, лиценцирани дипломи од МОН и Министерството за здравство.
Кривична одговорност (Образовен криминал)
Прикажување на лицето (Денис Алиу во образец 11) во Елаборатот за акредитација на студиската програма по Студии по Физиотерапија при УЈЕ-Тетово, без потпишан договор за вработување(М1/М2) пријава во Агенцијата за вработување) и без исплата на плата влегува во доменот на Кривичниот законик:
- Фалсификување на службена исправа: Одговорните лица на Универзитетот кои го потпишале и завериле Елаборатот со лажни податоци подлежат на кривична одговорност
- Материјална штета: Кандидатот чие име е злоупотребено (Денис Алиу) има целосно право да го тужи Универзитетот за претрпена нематеријална штета, повреда на честа, угледот и злоупотреба на лични податоци.
За да се надмине оваа манипулација и да добие правна завршница мора да се активираат институциите во Македонија:
- Пријава до Одборот за акредитација и евалуација на АКВО: Треба да се достави известување до АКВО дека нивната комисија за надворешна евалуација била доведена во заблуда со лажен Елаборат. А тоа значи формираната комисија која ја формира директорот на АКВО, Агим Рушити за почеток со работа на студиската програма за прв циклус на стручни студии(180ЕКТС) во Студии за физиотерапија, на Факултетот за здравствени науки при УЈИЕ-Тетово, врз основа на усогласеност со Елаборатот дека се „исполнети условите“, тука лежи манипулацијата на Универзитетот и пропустот на АКВО? Универзитетот го искористува фактот што процесот на акредитација се води преку документација (Елаборат) која била подготвена пред август 2022 година. Во тој писмен елаборат името на Денис Алиу фигурирало заедно со неговата потпишана Изјава од јуни.
Кога комисијата на АКВО извршила увид во ноември 2022 година,Универзитетот го премолчил клучните факти:
- Прикриле дека конкурсот за професор по кинезиологија е поништен,
- Прикриле дека лицето кое дало согласност во јуни, во ноември нема правен статус на избран професор ниту пак е вработен на УЈИЕ-Тетово,
- Комисијата за евалуација на АКВО направиле површен увид….
Од содржината на Извештајот (повторувам) се констатира дека Комисијата формирана од директорот на АКВО, Агим Рушити, врз основа на непосредниот увид и документацијата доставена од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово, потврдила дека се исполнети условите за почеток со работа на студиската програма „Студии по физиотерапија“ (180 ЕКТС). Особено внимание заслужува точка 4 од Извештајот, која се однесува на наставно-научниот и соработничкиот кадар, каде што Комисијата генерално констатира дека се исполнети законските услови, повикувајќи се и на приложената документација за ангажираниот наставен кадар. Меѓутоа, се поставува сериозно прашање во однос на лицето Денис Алиу, кое е наведено во елаборатот, иако, според расположливите информации, од страна на истата институција било негативно рецензирано. Оттука, неопходно е да се утврди врз основа на кои конкретни документи Комисијата ја потврдила исполнетоста на условите за ова лице, дали негативната рецензија била земена предвид и дали истата била приложена во предметната документација. Дополнително, потребно е да се провери дали токму тие документи биле доставени и пред Државниот просветен инспекторат, кој подоцна не утврдил неправилности. Оваа околност отвора сериозни прашања за веродостојноста и целосноста на документацијата, како и за темелноста и независноста на институционалните проверки.
- Државниот просветен инспекторат (ДПИ): Да се поднесе писмена претставка (иницијатива за ревизија -вонреден инспекциски надзор). Инспекторите се должни да отидат на УЈЕ-Тетово и извршат увид (содржаен, професионален со доследно почитување на Законската регулатива која е надлежност на Државниот просветен инспекторат ( со изземање на инспекторите Зашовска, Илиев и Кироска) за да се види дали Денис Алиу воопшто некогаш фигурирал во системот на УЈИЕ-Тетово.
- Основното јавно обвинителство (ОЈО): Доколку Денис Алиу или засегнато лице поднесе Кривична пријава против раководството на факултетот/универзитетот, ОЈО ќе отвори истрага за злоупотреба на службената положба и овластување.
На потег се институциите во сериозното надминување против образовниот криминал!!!

