ИСТОРИСКА СРЕДБА НА ТРАМП, ПУТИН И СИ Трите светски сили подготвуваат договор за нуклеарното оружје

„Њујорк пост“ објави дека лидерите на САД, Кина и Русија следниот четврток ќе одржат заедничка средба на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен.

ИСТОРИСКА СРЕДБА НА ТРАМП, ПУТИН И СИ Трите светски сили подготвуваат договор за нуклеарното оружје
Фото: Принтскрин

Американскиот претседател Доналд Трамп, кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на иста преговарачка маса на историски трилатерален состанок, кој, според наводите на „Њујорк пост“, е планиран за следниот четврток во кинескиот град Шенжен.

Средбата треба да се одржи на маргините на годишната конференција на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), а информацијата весникот ја објави повикувајќи се на американски претставници.

Според најавите, главна тема на разговорите ќе биде постигнување амбициозен договор за контрола на нуклеарното оружје, што би можело да отвори ново поглавје во односите меѓу трите најголеми светски сили.

Доколку се реализира, ова би бил прв трилатерален состанок во историјата на лидерите на САД, Кина и Русија – настан со потенцијално огромно геополитичко значење за меѓународната безбедност и глобалниот поредок.

ЈАЛТА 2 ЈА ПЛАШИ УКРАИНА Трамп, Путин и Си може да ја кројат иднината на светот без Европа

CATEGORIES
TAGS
Share This