ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА НА РАБОТ НА РАСПАД Седумчасовни преговори ја спасија коалицијата на Јетен

По седумчасовни драматични преговори, десничарската партија се откажа од најавеното напуштање на владата.

ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА НА РАБОТ НА РАСПАД Седумчасовни преговори ја спасија коалицијата на Јетен
Фото: Принтскрин

Владата на холандскиот премиер Роб Јетен го преживеа сериозниот коалициски притисок, откако десничарската Народна партија за слобода и демократија (VVD) одлучи засега да остане во владата и да не ја напушти владејачката коалиција составена со централната партија D66 и конзервативната христијанска партија CDA.

VVD беше на чекор до напуштање на владата поради несогласувањата околу даночниот план, откако D66 и CDA постигнаа договор со левичарската фракција PRO и центристичката партија Volt за промени во даночната политика.

Според договорот, се предвидува зголемување на даноците на доход за побогатите семејства, истовремено со намалување на даночниот товар за другите домаќинства и зголемување на поддршката за работничката класа, објави „NL Times“.

На прес-конференција, премиерот Јетен призна дека владата се наоѓа во „уникатна ситуација“ и дека коалициските партнери мора да направат значителни отстапки за да се надминат несогласувањата. Тој предупреди дека Холандија се соочува со тешка ситуација и дека даночниот план мора да биде усвоен во парламентот за даночната администрација да може да ги спроведе предвидените промени.

По седум часа интензивни преговори меѓу премиерот Јетен, лидерот на VVD Дилан Јешилгез-Зегеријус и лидерот на CDA Барт ван ден Бринк, постигнат е компромис со кој се отвори патот за останување на VVD во владината коалиција.

Со тоа, владата засега го избегна распадот, но останува неизвесно дали договорот ќе биде доволен за надминување на политичките несогласувања во малцинската коалиција.

ХОЛАНДИЈА ДОБИ НАЈМЛАД ПРЕМИЕР – Жените го сакаат, но тој е во среќен геј брак

CATEGORIES
Share This