ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА Прекин на водоснабдувањето на четири улици

Поради уличен дефект на водоводна цевка со профил Ф-80 мм, од 9 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од четири улици.

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ДЕНЕСКА БЕЗ ВОДА Прекин на водоснабдувањето на четири улици
Фото: Национал

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека денеска (14.11.2026 година), поради уличен дефект на цевка со профил Ф-80 мм на улицата „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, кај ДИМ маркет, ќе има прекин во водоснабдувањето.

Без вода ќе бидат корисниците од следниве улици: „Славе Ѓорѓиевски Шнајдерот“, „Славко Јаневски“, „Тетовска“ и „Јосиф Јосифовски Свештарот“.

Прекинот на водоснабдувањето започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.

CATEGORIES
Share This