ДЕНЕС БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Граѓаните поканети да ја запознаат уметноста и архитектурата на едно од најзначајните обележја на Скопје

„Дојдете да ја запознаете нашата колекција, да ја доживеете архитектурата на овој уникатен простор и да бидете дел од приказната што Скопје ја споделува со светот веќе повеќе од шест децении“, порачуваат од Музејот на современата уметност.

ДЕНЕС БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ ВО МУЗЕЈОТ НА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Граѓаните поканети да ја запознаат уметноста и архитектурата на едно од најзначајните обележја на Скопје

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, Музејот на современата уметност – Скопје денеска ги отвора вратите за сите посетители со бесплатен влез.

Од Музејот информираат дека оваа година се одбележуваат и 56 години од отворањето на неговата денешна зграда, која беше свечено отворена на 13 ноември 1970 година, како симбол на меѓународната солидарност по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.

По тој повод, граѓаните имаат можност бесплатно да ја разгледаат богатата уметничка колекција, да ја запознаат архитектурата на објектот и да ја почувствуваат приказната за солидарноста и заедништвото што го поврзуваат Скопје со светот.

„Дојдете да ја запознаете нашата колекција, да ја доживеете архитектурата на овој уникатен простор и да бидете дел од приказната што Скопје ја споделува со светот веќе повеќе од шест децении“, порачуваат од Музејот на современата уметност.

CATEGORIES
Share This