ВАШЕТО ДЕТЕ ЧЕСТО СЕ БУДИ НАВЕЧЕР Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“

Со отворањето на темата за детскиот сон, dm и „Матрона“ продолжуваат да одговараат на реалните прашања и предизвици со кои се соочуваат родителите, нудејќи им знаење и поддршка во важните фази од растењето на нивните деца.

ВАШЕТО ДЕТЕ ЧЕСТО СЕ БУДИ НАВЕЧЕР Дознајте што можете да направите на бесплатната онлајн обука на dm и „Матрона“
Фото: dm

Сонот на бебињата и малите деца е една од темите што најчесто ги загрижуваат родителите. Зошто детето често се буди во текот на ноќта? Како се менуваат неговите потреби за спиење со растењето и што можат да направат родителите за да воспостават соодветна рутина? Токму на овие прашања ќе биде посветена новата бесплатна онлајн обука „Од новороденче до мало дете: Како се менува сонот и што можат да направат родителите?“, која dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, ја организира на 21 ноември 2026 година, од 13:00 до 14:30 часот, преку платформата Zoom, во рамки на „Караванот на мајчинството“. Сите заинтересирани родители и идни родители треба да се пријават на info@matrona.org.mk. Дополнително, учесниците ќе добијат и ваучери за 15% попуст при купување производи од dm марката babylove во продавниците на dm.

Предавањето ќе го одржи Сања Ѓорѓев, основач на првиот центар за здрав сон кај бебиња и деца Dr.Goodnight и сертифициран тренер за спиење, која ќе ги запознае учесниците со развојот на детскиот сон од новороденче до раното детство. Преку стручни информации и практични насоки, родителите ќе имаат можност подобро да разберат зошто навиките за спиење се менуваат, како да ги препознаат потребите на детето во различни возрасни фази и на што да обрнат внимание при воспоставувањето дневна и вечерна рутина.

Посебен акцент ќе биде ставен на предизвиците што често го придружуваат растењето – од ноќните будења и промените во распоредот на спиење до приспособувањето на семејното секојдневие на новите потреби на детето. Наместо потпирање на бројни и понекогаш спротивставени совети, учесниците ќе добијат можност да слушнат насоки од сертифициран тренер за спиење, кои можат да им помогнат полесно да се снајдат во различните развојни периоди.

За родителите, најголемата вредност на оваа едукативна средба е можноста стекнатото знаење да го применат во сопствениот дом. Подоброто разбирање на детскиот сон може да им помогне да постават пореални очекувања, да препознаат кога е потребно приспособување на постојните навики и со поголема сигурност да носат одлуки поврзани со секојдневната грижа за своето дете. Целта не е да се понуди едно решение за сите, туку родителите да добијат информации што ќе им помогнат да пристапат кон спиењето во согласност со возраста и индивидуалните потреби на детето.

Предавањето е дел од „Караванот на мајчинството“, заедничка иницијатива на dm и „Матрона“, која се реализира втора година по ред. Преку онлајн предавања и едукативни средби со физичко присуство во различни градови низ земјата, иницијативата обработува теми поврзани со бременоста, мајчинството, здравјето и развојот на децата, со цел стручните информации и практичните совети да бидат подостапни за семејствата.

Со отворањето на темата за детскиот сон, dm и „Матрона“ продолжуваат да одговараат на реалните прашања и предизвици со кои се соочуваат родителите, нудејќи им знаење и поддршка во важните фази од растењето на нивните деца.

CATEGORIES
Share This