АМЕРИКАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ПРИСТИГНАА ВО МОСКВА Виткоф и Кушнер одат на средба со Путин

Специјалните пратеници на Доналд Трамп ќе го информираат рускиот претседател за дводневните разговори во Абу Даби, по што Путин ќе одлучи за следните чекори на Москва.

АМЕРИКАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ ПРИСТИГНАА ВО МОСКВА Виткоф и Кушнер одат на средба со Путин
Фото: Принтскрин

Специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва, каде што на аеродромот Внуково ги пречека специјалниот пратеник на рускиот претседател, Кирил Дмитриев, јави руската новинска агенција ТАСС.

По пречекот, колоната возила со американските претставници го напушти аеродромот и се упати кон местото на предвидените средби.

Виткоф и Кушнер денеска треба да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин и да го информираат за резултатите од дводневните разговори одржани во Абу Даби.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера изјави дека американските пратеници ќе му ги пренесат на Путин деталите од разговорите, по што рускиот претседател ќе ги утврди следните чекори и дејствија на руската страна.

Средбата во Москва се одржува во важен момент од дипломатските напори за постигнување напредок во разговорите меѓу Вашингтон и Москва.

CATEGORIES
Share This