ЛАГАРД ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФРАНЦИЈА Анкетата открива изненадувачки резултат

Претседателката на ЕЦБ во заминување би можела да освои повеќе гласови од Едуар Филип, фаворитот на централно-десничарскиот блок.

ЛАГАРД ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФРАНЦИЈА Анкетата открива изненадувачки резултат
Фото: Принтскрин

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) во заминување, Кристин Лагард, би можела да биде сериозен фактор во претседателската трка во Франција, покажува најновото истражување на јавното мислење.

Според анкетата спроведена од агенцијата Cluster17 за бриселскиот портал „Политико“, Лагард би освоила 14 проценти од гласовите, доколку се кандидираше на претседателските избори следната година. Тоа е повеќе од поддршката што би ја добил Едуар Филип, кандидатот на централно-десничарската партија, кој во слична конфигурација би освоил 13,5 проценти.

Лагард не е непозната во француската политика. Пред речиси две децении таа ја извршуваше функцијата министерка за економија во владата на поранешниот француски претседател Никола Саркози.

Иако досега ја отфрлаше можноста да се кандидира за претседател, нејзиното предвремено заминување од чело на ЕЦБ во февруари следната година повторно ги отвори шпекулациите за нејзино можно враќање на политичката сцена.

Интересно е што истражувањето доаѓа во момент кога кандидатите од центарот и десницата се соочуваат со тешкотии да обезбедат посериозна поддршка кај француските гласачи, што евентуалната кандидатура на Лагард би можела дополнително да ја искомплицира претседателската трка.

ЛАГАРД СИ ЗАМИНУВА ОД ЕЦБ ПРЕД ИСТЕКОТ НА МАНДАТОТ Причините се мистерија

CATEGORIES
Share This