МАКЕДОНИЈА СТАРТУВАШЕ СО РЕМИ ВО КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА ЕП Северна Ирска ја погоди пречката во финишот
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа неколку можности за погодок преку Дитмир Хоџа, Мухамед Куртиши и Иван Танчев, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа.

Фудбалската репрезентација на Македонија ги започна квалификациите за Европското првенство со реми без голови (0:0) против Северна Ирска на натпреварот одигран во Турново.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски имаа неколку можности за погодок преку Дитмир Хоџа, Мухамед Куртиши и Иван Танчев, но не успеаја да ја затресат противничката мрежа.
Најголемата шанса на натпреварот ја имаа гостите во 84. минута, кога Калум Томпсон ја погоди пречката од голот на Александар Трајков.
Македонија следниот натпревар го игра в сабота, повторно во Турново, против селекцијата на Швајцарија. Почетокот е закажан за 13 часот.
CATEGORIES Фудбал

