НЕ СЕ ПАРИТЕ ПРОБЛЕМ ВО СУДСТВОТО Туку недостигот на одговорност и правдољубивост кај дел од судиите

Според него, ниту дополнителните финансиски средства нема да донесат резултати без лична и професионална одговорност.

НЕ СЕ ПАРИТЕ ПРОБЛЕМ ВО СУДСТВОТО Туку недостигот на одговорност и правдољубивост кај дел од судиите

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител телевизија оцени дека лошите резултати во правосудството не се должат на недостигот на финансиски средства, туку на недостигот на одговорност и правдољубивост кај дел од судиите.

Тој посочи дека буџетите за судството и обвинителството се значително зголемени, одобрени се нови вработувања, а покачени се и платите на судиите. Според него, ниту дополнителните финансиски средства нема да донесат резултати без лична и професионална одговорност.

Мицкоски упати критики до Кривичниот оддел на Врховниот суд, прашувајќи зошто се поништуваат одредени предмети поврзани со функционери на ДУИ и се враќаат на повторно судење, со што, според него, се создава можност за нивно застарување.

Тој ги повика медиумите да ги проверат судиите кои учествувале во одлуките за случаите „Ласкарци“ и „Модуларна болница“, оценувајќи дека ваквите одлуки ја нарушуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.

„Сето злато на светот да им го дадеме, ако нема чувство на одговорност и правдољубивост, бадијала е сè“, порача Мицкоски.

CATEGORIES
Share This