ПОЛ МЕКАРТНИ ТРЕТ НАЈБОГАТ МУЗИЧАР Пред него се само Џеј-Зи и Тејлор Свифт
Најголем дел од неговото богатство доаѓа од издавачката куќа MPL Communications, основана во 1969 година, како и од авторските права на музиката на „Битлси“.

Поранешниот член на „Битлси“, Пол Мекартни (84), располага со богатство проценето на најмалку 1,4 милијарди долари, со што се најде на третото место меѓу најбогатите музичари во светот.
Најголем дел од неговото богатство доаѓа од издавачката куќа MPL Communications, основана во 1969 година, како и од авторските права на музиката на „Битлси“.
Дополнителни приходи остварува од стриминг, продажба на плочи, турнеи, недвижнини во Велика Британија и Хемптонс, како и од вредна уметничка колекција.
Пред Мекартни на листата се Џеј-Зи со проценето богатство од 2,8 милијарди долари и Тејлор Свифт со две милијарди долари.
CATEGORIES Сцена

