СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ ПАТ ЗА МИР ВО УКРАИНА Во Абу Даби почнаа разговорите пред клучната трилатерална средба

Украинската делегација веќе разговара со претставници на ЕУ и САД, а потоа следуваат преговори со Русија зад затворени врати, без присуство на медиумите.

СЕ ПОДГОТВУВА ЛИ ПАТ ЗА МИР ВО УКРАИНА Во Абу Даби почнаа разговорите пред клучната трилатерална средба
Фото: Принтскрин

Шефот на украинската делегација, Рустем Умеров, соопшти дека состанокот со претставниците на ЕУ и САД веќе започнал во Абу Даби, каде што денес и утре треба да се одржат и трилатералните преговори меѓу Русија, Украина и Соединетите Американски Држави.

Според информации што ги пренесува „Спутник“, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со организацијата на состанокот, преговорите ќе се одвиваат зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Во центарот на разговорите ќе бидат безбедносните гаранции за сите страни, можностите за деескалација на конфликтот, хуманитарните прашања, како и следните чекори кон постигнување мирно решение за војната во Украина.

Средбата во Абу Даби се одржува во време на интензивни дипломатски активности, а останува да се види дали разговорите меѓу трите страни ќе донесат конкретен напредок кон прекин на конфликтот.

CATEGORIES
Share This