СЕ ПОДГОТВУВА НОВ НАПАД ВРЗ ИРАН Вашингтон сака да преговара од позиција на сила
Високи американски и израелски безбедносни претставници ја поддржуваат идејата за нова воена операција против Иран, со цел да се зголеми притисокот врз Техеран во преговорите за неговата нуклеарна програма.

Високи безбедносни претставници на САД и Израел ја поддржуваат иницијативата за нов напад врз Иран, со кој би се зајакнала преговарачката позиција на Вашингтон во разговорите со Техеран, објави денес израелскиот јавен сервис „Кан“, повикувајќи се на дипломатски извори.
Според израелските претставници, Иран досега не покажал подготвеност да ги направи отстапките што се бараат од него во врска со нуклеарната програма.
Израелската телевизија објави и проценка на израелски функционер дека евентуалната нова воена операција нема да доведе до пад на иранскиот режим.
Наместо тоа, како што оценил функционерот, нападот би можел да ги ослаби воените и другите капацитети на Иран.
Иницијативата за нов напад, според објавените информации, се разгледува како начин за зголемување на притисокот врз Техеран и за создавање поповолни услови за Вашингтон во дипломатските преговори.

