МЕРЦ ГО ИМА ИМЕТО НА НАСЛЕДНИКОТ НА ШТАЈНМАЕР Оваа жена може да влезе во историјата на Германија
Доколку биде избрана на 30 јануари, Илзе Ајгнер ќе стане првата жена претседател на Германија.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц планира да ја предложи претседателката на покраинскиот парламент на Баварија, Илзе Ајгнер, за нов претседател на Германија, објавија вечерва германските медиуми.
Ајгнер, која доаѓа од конзервативната Христијанско-социјална унија (CSU), треба да го наследи актуелниот германски претседател Франк-Валтер Штајнмаер, чиј мандат завршува на почетокот на следната година.
Доколку ја добие поддршката и биде избрана на 30 јануари, Ајгнер ќе влезе во германската историја како прва жена на претседателската функција.
Според „Дојче веле“, Мерц официјално ќе ја објави својата поддршка за кандидатурата на Ајгнер денеска, понеделник, кога лидерите на политичките партии ќе одржат состанок на кој ќе разговараат за избор на заеднички кандидат за нов претседател на Германија.
Кандидатурата на Ајгнер доаѓа во пресрет на изборот на наследникот на Штајнмаер, а нејзиниот евентуален избор би претставувал историски момент за германската политика.

