ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА Европа се соочува со најниски залихи на гас во последните 13 години

Залихите на дизел во клучниот европски трговски центар Амстердам–Ротердам–Антверпен се под петгодишниот просек. Европската комисија предупреди дека резервите на дизел и авионско гориво се ограничени, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето и идните цени.

ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА СЕ ПРОДЛАБОЧУВА Европа се соочува со најниски залихи на гас во последните 13 години

Глобалното снабдување со енергенси се соочува со сериозни предизвици поради конфликтот на Блискиот Исток и нарушувањата во поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец. Најпогодени се пазарите на дизел и течен природен гас (LNG), додека транспортните и логистичките трошоци бележат значителен раст.

Залихите на дизел во клучниот европски трговски центар Амстердам–Ротердам–Антверпен се под петгодишниот просек. Европската комисија предупреди дека резервите на дизел и авионско гориво се ограничени, што ја зголемува неизвесноста околу снабдувањето и идните цени.

Дополнителна загриженост предизвикуваат резервите на природен гас во Европската Унија, кои на почетокот на зимската сезона се на најниско сезонско ниво од 2013 година. Иако до 21 октомври складиштата биле пополнети до 75 отсто, тоа е под вообичаеното ниво за овој период.

Проблемите со испораките на LNG од Катар и Обединетите Арапски Емирати дополнително ја оптоваруваат глобалната понуда. Европа дел од недостигот го надоместува со увоз од Северна Америка и Африка, но со тоа се зголемува конкуренцијата со азиските пазари.

Ситуацијата може дополнително да се влоши со планираното запирање на увозот на руски LNG во ЕУ од почетокот на 2027 година.

Според проценките на Меѓународната агенција за енергетика (IEA), доколку зимата биде постудена од просекот и продолжат нарушувањата во Ормускиот теснец, европските залихи на гас би можеле да паднат под 10 отсто до крајот на март 2027 година.

И покрај можните вишоци на сурова нафта на глобалниот пазар, тоа не гарантира доволно готови горива ниту пониски сметки за енергија. Напротив, проблемите со преработката, транспортот и испораките можат да продолжат да вршат притисок врз цените во наредните месеци.

CATEGORIES
Share This