ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА СПИСОКОТ Еве каде денеска ќе нема вода и струја во Скопје

Прекин на водоснабдувањето во дел од Карпош, а без електрична енергија ќе останат жители на неколку улици и населени места во општините Илинден, Чаир, Карпош и Гази Баба.

ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ СТЕ НА СПИСОКОТ Еве каде денеска ќе нема вода и струја во Скопје
Фото: Принтскрин

Дел од жителите на Скопје денеска ќе се соочат со прекини во водоснабдувањето и снабдувањето со електрична енергија поради планирани интервенции и работни активности на мрежите, информираат од надлежните претпријатија.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради интервенција на водоводната мрежа на улицата „Никола Парапунов“, на раскрсницата со улицата „Разловечка“, од 9 часот па сè до завршување на работите без вода ќе бидат корисниците од овој дел на општина Карпош.

Од ЕВН Македонија најавуваат планирани прекини на електричната енергија на следните локации:

  • Белимбегово (кај мостот), општина Илинден: од 08:30 до 11:15 часот.
  • Улиците „Струмичка“, „Ќемал Сејфула“ и „Вуковарска“, општина Чаир: од 09:00 до 12:00 часот.
  • Дел од улиците „Леринска“ и „Багдадска“, општина Карпош: од 09:00 до 11:00 часот.
  • Дел од село Јурумлери, општина Гази Баба: од 11:45 до 15:00 часот.
  • Дел од улиците „Крсте Асенов“ и „Емин Дураку“, општина Чаир: од 12:00 до 15:00 часот.

Прекините се поради планирани работни активности на водоводната и електричната мрежа.

CATEGORIES
Share This