БРНАБИЌ СО ОСТРА ПОРАКА Монструозни лаги се шират за Вучиќ, предупреди на дестабилизација на Србија

Новото свикување на Народното собрание ќе ја одржи првата седница на 17 ноември во 10 часот.

БРНАБИЌ СО ОСТРА ПОРАКА Монструозни лаги се шират за Вучиќ, предупреди на дестабилизација на Србија
Фото: Принтскрин

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, ја закажа конститутивната седница на новиот парламентарен состав за 17 ноември, вторник, со почеток во 10 часот.

На прес-конференција во Домот на Народното собрание, Брнабиќ соопшти дека се исполнети сите законски услови за свикување на првата седница, откако Републичката изборна комисија на 5 ноември го усвои општиот извештај за изборните резултати, а ден подоцна ја донесе и одлуката за распределба на пратеничките мандати и извештајот за спроведените избори, кои беа доставени до парламентот.

„Со тоа, исполнети се сите услови за свикување на првата седница на новото свикување“, изјави Брнабиќ.

Дневниот ред ќе содржи шест точки, меѓу кои потврдување на мандатите на народните пратеници, избор на претседател и потпретседатели на Собранието, именување генерален секретар, како и избор на членови на парламентарните работни тела и постојаните делегации во меѓународните институции.

Покрај најавата за конститутивната седница, Брнабиќ упати и остри критики за содржините што се објавуваат на социјалните мрежи, оценувајќи дека намерно се шират, како што ги нарече, „монструозни лаги“, кои тешко се демантираат и побиваат.

Таа реагираше на објавите во кои новинарката на „Информер“, Катарина Одаловиќ, се поврзува со Дарко Шариќ, оценувајќи дека станува збор за „местенка“ чија цел е дополнително да ја дестабилизира државата.

Според Брнабиќ, ваквите објави имаат цел да ги изложат луѓето на јавен линч и да создадат привид на поврзаност меѓу претседателот Александар Вучиќ и организираните криминални групи.

„Тие лаги служат за цртање мета на челата на луѓето“, порача Брнабиќ.

Таа ги повика сите да престанат со објавување содржини што можат да ги загрозат поединците, предупредувајќи дека последиците не ги засегаат само новинарите, туку и членовите на нивните семејства.

ВУЧИЌ ПОД ПРИТИСОК Помилувањата на 49 лица може да завршат во Стразбур

CATEGORIES
Share This