Колку Македонија издвојува за науката како развоен технолошки образовен процес
Ако се направи компаративна анализа со соседните земји, ќе покаже дека Македонија со своите 0,39 проценти од БДП се наоѓа на самото дно во регионот по издвојувањето за наука и истражување, заостанувајќи дури и зад оние земји кои се под просекот на Европската Унија (кој изнесува 2,26 отсто од БДП според извештаите на Евростат.

Колумна, Национал
Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија
Недела, 08 ноември 2026 година
Повеќе години во моите книги пишувам каде на светските ранг листи се наоѓаат нашите македонски универзитети, и за жал, академските рангирања на светските универзитети покажуваат дека нашите македонски универзитети се наоѓаат на маргините на квалитет и и евалуација. Дека македонските универзитети се најмногу фокусирани на образованието, а многу помалку на науката, истражувањето и иновацијата….
Само да се напомене. Јавните вложувања во образованието се одржуваат на ниско ниво. Додека во Европската Унија(ЕУ) тие изнесуваат околу 5 отсто од БДП (бруто домашен производ), а во земјите од регионот околу 4 отсто, показателот за Македонија е под просек во регионот. Индикаторот за научно-истражувачката интензивност-учество за вложување за истражување и развој во БДП изнесува само 0,22 отсто и е меѓу најниските во регионот.
Ако се наведе од вкупниот Буџет на Република Македонија (од 2014-2023 година) за наука во проценти се издвојува по години: во 2014-0,45%, 2015-0,40%, 2016 – 0,26%, 2017 – 0,24%, 2018 – 0,15%, 2019 – 0,14%, 2020 – 0,12%, 2021 – 0,16%, 2022 – 0,15%, 2023 – 0,08% ( Извор: Буџет на Република Македонија).
Колку се издвојува за наука во Македонија за 2024, 2025 и 2026 година. Дали е достигнат процент до 1 (еден) отсто од БДП?
Издвојување во Македонија за 2024, 2025 и 2026 година за наука во Македонија, не ја достигна целта од 1 отсто од БДП. И покрај евидентниот раст на паричните средства во државниот буџет, вкупно национални вложувања во истражувања и развој во однос економската моќ на земјата остануваат ниски и се движат од 0.36 отсто до 0,39 отсто од БДП, што е далеку под европскиот просек.(МОН)
Доколку го погледнеме зголемувањето на средствата што Министерството за образование и наука (Извор:МОН) директно го наменува за научно-истражувачката дејност, состојбата по години изгледа вака:
- 2024 година: издвоени се 380 милиони денари.
- 2025 година: Буџетот се зголеми на 680 милиони денари.
- 2026 година: Обезбеден е буџет за наука од 773 милиони денари.
Зошто процентот е далеку од 1отсто од БДП?
Иако средствата за 2026 година се речиси двојно поголеми со 2024 година, вкупниот планиран бруто-домашен производ (БДП) на Македонија за 2026 година изнесува над 1.100 милијарди денари (околу 6,78 милијарди евра вкупен државен буџет). Тоа значи дека самиот буџет на МОН за научно – истражувачки проекти покрива едвај околу 0,07отсто од БДП (Извор:МОН)
Дури и кога во равенката ќе се додадат инвестициите од приватниот сектор и истражување меѓународните фондови, вкупниот национален процент за наука се заглавува на фамозните 0,39 отсто од БДП, за да се достигне посакуваното ниво од 1 отсто од државниот буџет за наука би морал да изнесува најмалку 11 милијарди денари, што е околу 14 пати повеќе од моменталното издвојување.Извор: рацин.мк
Што покажува компаративната анализа на овие 0,39 отсто од БДП?
Ако се направи компаративна анализа со соседните земји, ќе покаже дека Македонија со своите 0,39 проценти од БДП се наоѓа на самото дно во регионот по издвојувањето за наука и истражување, заостанувајќи дури и зад оние земји кои се под просекот на Европската Унија (кој изнесува 2,26 отсто од БДП според извештаите на Евростат. (Извор:Eurostat statistics)
Регионалната статистика јасно илустрира дека земјите со слични или поблиска економска историја инвестираат значително поголем процент од својата бруто домашен производ во научно-истражувачката дејност.
Регионален преглед на издвојувања за наука (% од БДП)
Издвојвање од Статус во
Земја БДП(%) споредба со Македонија Извор на податоци
Словенија – 2,16% скоро 6 пати повеќе SURS
Грција – 1,53% околу 4 пати повеќе Национален докум.центар (ЕКТ)
Хрватска – 1,41% околу 3,6 пати повеќе Eurostat statistics)
Србија – 0,97% скоро 2,5 пати повеќе РЗСрбија
Бугарија – 0,77% скоро 2 пати повеќе Eurostat statistics)
Македонија – 0,39% референтно ниво ДЗС/МОН
Клучни заклучоци од споредбата
- Лидер во регионот: Словенија е недостижна на Балканот со издвоени над 1,3 милијарди евра годишно за R&D (истражувања и развој), најмногу благодарение на масивните инвестиции од приватниот бизнис сектор, кој покрива речиси 70 проценти од тие средства.
- Хрватска со: 1,40 отсто издвоени за наука од БДП која е членка на ЕУ приближно годишно издвојува 1 милијарди евра за наука со главен двигател на инвестиции се мешани ( јавниот и приватниот сектор)
- Примерот со Србија: Србија со своите 0,97 отсто е добар пример за земја која не е членка на Европската Унија, но преку системски фондови за наука успеа да се доближи до психолошката граница од 1 отсто од БДП.
- Проблемот кај нас: Главната разлика меѓу Македонија и успешните примери во табелата е што кај нас науката речиси целосно зависи од скромниот државен буџет. Се издвојува од БДП за наука 0,36 отсто до 39% (приближно годишно се издвојува 22,2 милиони евра или 1,37 милијарди денари).Како што наведов главен двигател на инвестиции Државниот буџет со тенденција на раст. Во развиените земји и соседите, приватните компании и странските фондови многу повеќе e во развој отколку самите министерства, што кај нас се’ уште е на многу ниско ниво.
Во кои научни области и проекти најмногу ќе се инвестира со буџетот за 2026 година во Македонија?
Инвестициите во науката во Македонија за 2026 година бележи напредок благодарение на државниот буџет за наука од 773 милиони денари (околу 12,5 милиони евра), со кој буџет за истражување е повеќе од двојно зголемен во кус период Извор: рацин.мк
Подршката е стратешки насочена кон областите дефинирани во Стратегијата за паметна специјализација, каде што земјата има најголем развоен потенцијалИзвор:Умно.мк
Клучни научни области со најголема подршка
Еве што конкретно и практично е реализирано во клучните научни области:
- Инженерство, технологија и индустрија:
Оваа област добива најголем број одобрени проекти. предводи во однос на бројот на одобрени проекти. Конкретните имплементирани вклучуваат:
- Заеднички меѓународни проекти: Со имплементацијата на 14 големи заеднички научно-истражувачки проекти меѓу Македонија и Австрија (од кои 6 се во областа на инженерство и технологијата). Проектите се фокусирани на развој на електро-машинската индустрија, дигитализацијата на процесите и паметни згради.
- Деблокада на капиталните објекти: По долгогодишен застој, практично е откочена изградбата на објектите за ФИНКИ (Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство) и ФФК, со што се обезбедува суштинска инфраструктура за идните технолошки истрашувања.Извор: МОН
- Паметно земјоделство, екологија и енергија на иднината
Истражување во овие сектори веќе се применуваат на терен за спроведување со климатските промени и енергетската транзиција. Област со висок стратешки интерес за државата, каде што сефинансираат проекти насочени кон на земјоделскиот принос, паметно искористување на ресурситте и климатската отпорностИзвор: Климатски промени
Истражувањето на овие сектори веќе се применуваат на терен за спроведување со климатските промени и енергетската транзиција:
- Геолошки и енергетски истражуавања:
Започнати се теренски проекти фокусирани на попрецизни утврдувања на геотермалниот потенцијал на државата и мапирање на критичките минерални суровини потребни за зелена транзиција Извор:Нова Македонија
- Одржливо земјоделство и почви:
Одржливото земјоделство претставува одговорен начин на производството на храна и земјоделски култури кој ги задоволува сегашните потреби, без да се загрози способноста на идните генерации. Тоа се базира на минимално влијание врз природни ресурси и животната средина. Поопширно што претставува одржливото земјоделство и почви Извор:Агротим
- Дигитална научна инфраструктура и ИКТ
Наместо расцепкани податоци во 2026 година државата лансираше функционални дигитални алатки за поврзување на науката со стопанството:
- Лансиран е национален портал „ е-наука“:
Ова платформа служи како единствена електронска база на податоци за сите активни истражувачи во Македонија. Целта е директно да се поврзе научните капацитети со бизнис секторот и меѓународните научни мрежи за комерцијализација на иновациите.
- Општествени науки и инклузивни политики
Научните истражувања во оваа свера беа директно насочени кон креирање економски мерки:
- Иновативни решенија против сивата економија:
Практично се имплементирани прелиминарните резултати од истражувањата насочени кон намалување на социјалната нееднаквост и сузбивање на сивата економија, кои се користат во креирањето на новите владини политики.
- Ефективни реформи на политиките за истражување и иновации во Западниот Балкан:
Земјите од Западн Балкан (Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово) како што е Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан Извор:Агротим, регионот спроведува суштински структурни реформи за надминување со европски стандарди.
Ефект од зголемената подршка
Како директен резултат на зголемените инвестиции и овозможениот пристап до меѓународните ресурси, во октомври 2026 година Македонија забележа голем напредок со сега 11 македонски научници се најдоа на престижната Стенфорд листа меѓу топ 2 отсто најцитирани научници во светот, што претставува раст од 22,2 отсто во споредба со предходни години. Најголем дел од овие научници доаѓаат од УКИМ и МАНУ. Извор:Ukim.edu.mk

