РОДЕНА СУМ ВО МАКЕДОНИЈА, НО НЕ СУМ МАКЕДОНКА Михаилова ја нападна Македонија, Бачев бара одземање државјанство на оние што работат против државата
Случајот повторно ја актуелизира иницијативата на лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, за законско одземање на македонското државјанство на лица со двојно државјанство кои работат против интересите на државата.

Ива Михаилова, лицето поврзано со трагичната сообраќајна несреќа во која загина македонски граѓанин, по бегството во соседна Бугарија повторно се најде во центарот на вниманието со појавувањето пред камерите во подкастот на познатиот бугарски новинар Мартин Карбовски.
Михаилова во текот на интервјуто изнесе тешки тврдења и обвинувања против Македонија, вклучително и тврдења за наводно барање поткуп, приказни за следење од македонските безбедносни служби и геополитички конструкции за наводно влијание на „српскиот свет“ врз Македонија, дека сакаат да и го одземат бугарското во неа , дека во срцето е Бугарка, дека тоа што е родена во Македонија не ја прави Македонка…но, ниту еднаш не било споменато името на македонскиот граѓанин кој го загуби животот во сообраќајната несреќа.
Ваквата изјава на Михаилова повторно ја отвори темата за иницијативата на лидерот на Единствена Македонија Јанко Бачев која ја истакна во гостувањето во емисијата „Студиот 10“ на ТВ 24 за создавање правна основа за одземање на државјанството на лица со двојно државјанство кои дејствуваат против националните и државните интереси на Македонија и Македонскиот народ.
Погледнете ја изјавата на Бачев:

