СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО, КОЛОВОЗИТЕ ВЛАЖНИ Внимателно поради можни одрони
Умерен интензитет на сообраќај надвор од градовите, без подолги задржувања на граничните премини. АМСМ предупредува на опасност од одрони на неколку патни делници.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата. Посебна претпазливост се препорачува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од појава на одрони. Ова особено се однесува на делниците:
-
Катланово – Велес
-
Маврово – Дебар – Струга
-
Виница – Берово
-
Кочани – Делчево
Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк Галичица, е отворен за сообраќај за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

