ЗАЛАДУВАЊЕ СО СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Дожд во делови од Македонија, снег на планините

Температурите ќе се движат од -3 до 13 степени, а северниот ветер на одредени места ќе достигнува брзина над 60 километри на час.

ЗАЛАДУВАЊЕ СО СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Дожд во делови од Македонија, снег на планините
Фото: Принтскрин

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со услови за врнежи од дожд, особено во северните делови од земјата. На повисоките планински предели дождот повремено ќе преминува во снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на одредени места повремено ќе биде силен, со брзина што ќе надминува 60 километри на час.

Температурите ќе се движат во интервал од -3 до 13 Целзиусови степени, што ќе донесе почувствително свежо време.

Во Скопје се очекува променливо облачно и посвежо време, со можност за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој дополнително ќе го засили чувството на студ.

CATEGORIES
Share This