БОЖИНОВСКА ИМ ФРЛИ РАКАВИЦА НА ПОДНЕСУВАЧИТЕ НА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Преземете одговорност за тврдењата

Министерката за енергетика ја поздрави интерпелацијата и најави дека ќе ги презентира резултатите од својата работа, посочувајќи дека Министерството не управува со набавките и комерцијалните договори на ЕСМ.

БОЖИНОВСКА ИМ ФРЛИ РАКАВИЦА НА ПОДНЕСУВАЧИТЕ НА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА Преземете одговорност за тврдењата
Фото: Принтскрин

Министерката за енергетика Сања Божиновска ја поздрави можноста да одговори пред Собранието на поднесената интерпелација, порачувајќи дека ќе ја образложи работата на Министерството, но и дека очекува пратениците што ја поднеле иницијативата да застанат зад точноста на своите обвинувања.

„Да се биде министер е одговорност и чест, а тоа се оправдува со работа. Им благодарам на пратениците што ја поднесоа интерпелацијата, со што ми дадоа можност да ја претставам нашата работа. Ќе побарам вие да ја прифатите одговорноста за точноста на тврдењата во барањето“, порача Божиновска.

Таа истакна дека ја поддржува контролната улога на Собранието и правото на опозицијата да бара одговорност од Владата.

„Живеев и работев во Западна Европа, затоа верувам дека опозицијата треба да ја контролира Владата, а пратениците да бараат одговорност. Со внимание ќе ги следам вашите дискусии, за да извлечеме добри насоки“, рече министерката.

Осврнувајќи се на критиките за состојбите во енергетскиот сектор, Божиновска направи разлика меѓу надлежностите на Министерството и одговорностите на енергетските компании и регулаторните институции.

„Енергетската политика, сигурноста на снабдувањето, рударството и минералните суровини се нашите обврски. За ЕСМ тоа е акционерско друштво, а Министерството не води набавки, ниту склучува комерцијални договори. За МЕПСО има законски граници. РКЕ има јасно определена улога, тоа е независно тело“, изјави Божиновска.

Министерката се осврна и на изборот на членовите на Регулаторната комисија за енергетика, посочувајќи ја улогата на пратениците во тој процес. Потоа започна со презентација на резултатите од работењето на Министерството, издвојувајќи го Законот за енергетика како прва точка.

CATEGORIES
Share This