ПРОНАШОЛ НАД 114.000 ДЕНАРИ И 2.000 ЕВРА ВО ДЕЛЧЕВО Погледнете што направил 18-годишникот

Младиот делчевец пронашол лична карта, патна исправа и голема сума пари на булеварот „Македонија“, но наместо да ги задржи, веднаш ги предал во полиција.

ПРОНАШОЛ НАД 114.000 ДЕНАРИ И 2.000 ЕВРА ВО ДЕЛЧЕВО Погледнете што направил 18-годишникот
Фото: Принтскрин

Осумнаесетгодишен жител на Делчево покажа дека чесноста и одговорноста сè уште се вистински вредности. На 24 октомври, во 14 часот, тој во Полициската станица Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.

Документите и парите ги пронашол на булеварот „Македонија“ во Делчево, а му припаѓале на друг жител на градот.

Од Министерството за внатрешни работи ја поздравија постапката на младиот делчевец, оценувајќи ја како позитивен пример за чесност, совесност и граѓанска одговорност.

Од МВР посочуваат дека ваквите постапки заслужуваат јавно признание и се поттик за поголема меѓусебна доверба и одговорно однесување во заедницата.

CATEGORIES
Share This