ВО СРБИЈА ВО КАМПАЊАТА ДЕБАТИРААТ СИТЕ, ВО МАКЕДОНИЈА САМО ОДБРАНИ ПАРТИИ Кој го замолкна Бачев?
Единствена Македонија обвинува за медиумски монопол во изборната кампања и тврди дека претседателот на партијата е единствениот партиски лидер кому директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, му забранил настап.

Единствена Македонија ги повикува македонските медиуми да се угледаат на Србија, каде што во предизборната кампања партиите и коалициите добија можност преку дебатни емисии да ги претстават своите програми и ставови.
За разлика од Србија, во Македонија изборната кампања се сведува на одбрани партии како другите политички партии да не постојат.
Особено скандалозно е што претседателот на Единствена Македонија е единствениот партиски претседател на кого, директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, му забранил настап на телевизијата.
Единствена Македонија прашува: зарем Србија има поголем демократски плурализам од Македонија?
Медиумите треба да бидат простор за сите политички идеи, а не монопол на одбрани партии. Граѓаните имаат право да ги слушнат сите политички опции, а не само оние што медиумите избираат да ги промовираат.

