ПОЛИТИЧКИ РОКАДИ Собранието ги потврди оставките на Таравари и двајца заменици министри

Заменик-претседателката на Собранието, Весна Бендевска, информираше дека согласно Деловникот на Собранието, министрите и замениците имаат право да ја образложат својата оставка пред пратениците.

ПОЛИТИЧКИ РОКАДИ Собранието ги потврди оставките на Таравари и двајца заменици министри
Фото: Национал

Собранието на Република Северна Македонија денеска официјално ги констатираше оставките на министерот за здравство Арбен Таравари, како и на замениците министри Фљакрон Беџети од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Елфет Исмаили од Министерството за одбрана.

Заменик-претседателката на Собранието, Весна Бендевска, информираше дека согласно Деловникот на Собранието, министрите и замениците имаат право да ја образложат својата оставка пред пратениците. Сепак, до почетокот на 49-та седница, ниту еден од нив не побарал да го искористи тоа право, по што оставките беа едноставно констатирани.

CATEGORIES
Share This