АЛАРМ ВО ВАШИНГТОН – САД повлекуваат дипломати по предупредувањата за ирански напади
Вашингтон презема итни мерки по предупредувањата дека Иран ги интензивира плановите за напад врз американски персонал.

САД забрзано преместуваат дел од своите дипломати и членовите на нивните семејства од неколку земји на Блискиот Исток по разузнавачките предупредувања дека Иран ги засилува подготовките за напади врз американски персонал, објави CNN, повикувајќи се на повеќе извори запознаени со ситуацијата.
Во меморандум од 23 октомври, упатен до американскиот државен секретар Марк Рубио, се наведува дека американските разузнавачки служби утврдиле оти Иран „значително ги засилил напорите за таргетирање на американскиот персонал“.
Според документот, плановите за можни напади достигнале напредна фаза на Блискиот Исток, но и во одредени други земји.
Стејт департментот на САД потврди дека привремени промени во нивото на дипломатскиот персонал ќе бидат спроведени во американските амбасади во Либан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Јордан.
Потегот на Вашингтон доаѓа во услови на зголемена загриженост за безбедноста на американските претставници во регионот, додека разузнавачките предупредувања укажуваат на можноста од нова ескалација на тензиите со Иран.

