РАБОТНИЧКАТА ПАРТИЈА И ЛИДЕРОТ ГОРАН ЗАФИРОВСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА 23 ОКТОМВРИ Слободата и социјалната правда се темел на достоинствен живот
По повод Денот на македонската револуционерна борба, Работничката партија порача дека наследството на револуционерите е поттик за единство, солидарност, почитување на трудот и изградба на праведна и просперитетна Македонија.

Работничката партија и претседателот Горан Зафировски упатуваат искрени честитки до сите граѓани по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.
Овој значаен датум од македонската историја е симбол на храброста, пожртвуваноста и непоколебливата борба за слобода, правда и достоинствен живот. Делото на македонските револуционери претставува траен потсетник дека слободата, националното достоинство и правото на самоопределување се вредности што се чуваат и надградуваат со одговорност, истрајност и единство.
Како партија посветена на правата на работниците, социјалната правда и еднаквите можности за сите, веруваме дека вистинската слобода подразбира и достоинствен живот, сигурна иднина и почитување на трудот на секој човек.
Нека 23 Октомври биде поттик за заедништво, солидарност и одлучност во градењето праведна, просперитетна и демократска Македонија, во која секој граѓанин ќе има можност за подобра иднина.
Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

