ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА СТИГНА ДО 48.733 ДЕНАРИ Кој сектор доби најголемо зголемување
Најголемо годишно зголемување има во секторот за водоснабдување и управување со отпад, а просечната бруто-плата изнесувала 73.336 денари.

Просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија во август 2026 година изнесувала 48.733 денари, што претставува зголемување од 7,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Годишниот раст на просечната плата најмногу се должи на зголемувањето на примањата во три сектори. Во снабдувањето со вода, отстранувањето отпадни води и управувањето со отпад платите пораснале за 11,9 проценти. Во административните и помошните услужни дејности растот изнесувал 10,7 проценти, додека во преработувачката индустрија бил забележан пораст од 9 проценти.
Во споредба со јули 2026 година, просечната исплатена нето-плата во август се зголемила во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,4 проценти. Раст од 5 проценти имало и во уметноста, забавата и рекреацијата, додека административните и помошните услужни дејности бележат месечно зголемување од 4,2 проценти.
Просечната месечна исплатена бруто-плата во август 2026 година изнесувала 73.336 денари.

