СТОП ЗА ПАРТИИТЕ Почна изборниот молк во Србија – еве што сега е забрането

Стапи во сила изборниот молк пред вонредните парламентарни избори. Забранети се политичката кампања, промовирањето кандидати и изборни програми, како и секое влијание врз волјата на гласачите.

СТОП ЗА ПАРТИИТЕ Почна изборниот молк во Србија – еве што сега е забрането

Изборниот молк пред вонредните парламентарни избори во Србија започна синоќа на полноќ и ќе трае до недела во 20 часот, кога е предвидено затворањето на гласачките места.

Во овој период строго е забрането спроведување изборна кампања и каква било активност насочена кон влијание врз изборната волја на граѓаните.

Според Законот за избор на народни пратеници, во периодот од 48 часа пред гласањето, како и на самиот изборен ден до затворањето на гласачките места, важат повеќе забрани.

Медиумите и учесниците во изборниот процес не смеат јавно да објавуваат оценки за изборните резултати, да ги претставуваат кандидатите и нивните изборни програми, ниту да ги повикуваат граѓаните да гласаат или да не гласаат за одредени изборни листи.

Изборниот молк има цел да им овозможи на гласачите да ја донесат својата одлука без дополнителни политички притисоци и предизборна пропаганда.

Во Србија во недела, 25 окомври се одржуваат вонредни парламентарни избори за избор на 250 пратеници во Србија. Учествувата 18 изборни листи од кои осум се лисит на партиите на национ алните малцинства во Србија. Според анкетите фаворити на изборите се Листата предводена од Алескандар Вучиќ – Обединета Србија и Студентската листа – Студентите победуваат.

CATEGORIES
Share This