НОВИ ИНВЕТСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА Министерството разговараше со германската KfW
Министерството за енергетика и германската развојна банка разговараа за нови проекти, експертска помош и зајакнување на капацитетите за реализација на стратешките енергетски инвестиции во текот на следната година.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини одржа работна средба со претставници на германската развојна банка KfW, на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката и поддршка на нови проекти во енергетскиот сектор.
Во фокусот на разговорите беа можностите KfW да се вклучи во финансирање или поддршка на нови активности во текот на следната година, како и реализацијата на проектите што веќе се во тек и постигнатиот напредок.
Посебно внимание беше посветено на обезбедувањето техничка помош и експертска поддршка за Министерството. Целта е да се зајакнат институционалните капацитети и да се унапредат планирањето и спроведувањето на стратешките енергетски проекти.
Од Министерството посочуваат дека развојот на партнерства со меѓународните финансиски институции е важен за модернизација на енергетскиот сектор, зголемување на енергетската сигурност и забрзување на енергетската транзиција.
Соработката со германската развојна банка се гледа како можност за отворање нови перспективи за инвестиции, размена на експертски знаења и поддршка на проекти од стратешко значење за енергетскиот систем на државата.
Засега не се соопштени конкретни износи за евентуалните нови инвестиции, ниту кои проекти би добиле поддршка.

