МАКРОН БЕСЕН НА СТРАНСКИТЕ ЛИДЕРИ Вашите коментари се глупави и неприфатливи

Францускиот претседател обвини за манипулации со информации поврзани со протестите во Франција, предупредувајќи дека со помош на вештачка интелигенција се шират лажни фотографии од настани што никогаш не се случиле.

МАКРОН БЕСЕН НА СТРАНСКИТЕ ЛИДЕРИ Вашите коментари се глупави и неприфатливи
Фото: Принтскрин

Францускиот претседател Емануел Макрон остро ги критикуваше коментарите на одредени странски лидери за актуелните протести во Франција, оценувајќи ги како „неприфатливи и глупави“.

За време на својата дводневна официјална посета на Катар, Макрон изјави дека засега нема докази за директно странско мешање во протестите, но предупреди на манипулации со информации што придонесуваат за ширење дезинформации и погрешни толкувања на случувањата.

„Според мене, нема видливо странско мешање во настаните што се случија. Сепак, имаше странска манипулација со информациите, што доведе до неприфатливи и глупави коментари од многумина, вклучително и странски лидери“, изјави Макрон, пренесува француската телевизија BFM.

Францускиот претседател особено предупреди на злоупотребата на вештачката интелигенција за создавање лажни визуелни содржини поврзани со протестите.

Според него, на интернет се појавуваат фотографии генерирани со вештачка интелигенција кои прикажуваат сцени што во реалноста никогаш не се случиле во Франција.

CATEGORIES
Share This