ДОБРА ВЕСТ ЗА ВОЗАЧИТЕ Владата го продолжи поевтиното ДДВ за дизелот – еве до кога важи мерката
Данокот на додадена вредност за дизелот останува намален од 18 на 10 отсто, а продолжува и мерката за намалување на акцизата

Владата ги продолжи мерките за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизелот и за намалување на акцизата на горивата, со рок на важење до 2 ноември 2026 година, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
Со продолжувањето на мерките, стапката на ДДВ за дизелот останува намалена од 18 на 10 отсто, додека продолжува и примената на намалената акциза.
Според министерката, одлуката има цел да ги ублажи ценовните притисоци врз малопродажните цени на нафтените деривати и да го намали финансискиот товар врз граѓаните и стопанството.
Димитриеска-Кочоска најави дека Владата внимателно ќе ги следи движењата на меѓународните пазари и, доколку е потребно, ќе презема навремени мерки за заштита на животниот стандард и зачувување на економската стабилност.

