ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ МИЛИОНЕРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Доходот го заработило од дивиденда

Анализата на УЈП за 2025 година открива дека најмладиот примател на годишен доход над еден милион денари има само четири години, додека највозрасниот има 97 години. Поднесени се над 860.000 даночни пријави, за 10,6 отсто повеќе од претходната година.

ЧЕТИРИГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ МИЛИОНЕРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА Доходот го заработило од дивиденда
Фото: Национал

Четиригодишно дете е најмладиот примател на годишен доход над еден милион денари во Македонија за 2025 година, покажува анализата на Управата за јавни приходи (УЈП). Детето остварило доход од дивиденда, додека највозрасниот примател на милионски доход има 97 години, а приходите му се од пензија и од други извори.

Од УЈП појаснуваат дека податоците се однесуваат на остварениот годишен доход, а не на вкупната вредност на имотот што го поседуваат лицата.

Структурата на доходот на граѓаните, изворите на приходите и значењето на овие податоци за подобрување на даночната усогласеност и креирањето јавни политики се во фокусот на денешниот медиумски брифинг на Управата за јавни приходи.

На брифингот, насловен „Доходот на граѓаните во 2025: Што откриваат бројките“, директорката на УЈП, Елена Петрова, ќе презентира податоци и анализи за доходот што го оствариле граѓаните во текот на минатата година.

Според податоците на Управата, за 2025 година биле поднесени над 860.000 даночни пријави од граѓани, што претставува зголемување од 10,6 отсто во однос на 2024 година.

Најголем број даночни пријави се регистрирани во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.

Анализата на УЈП треба да даде поширок увид во изворите на приходите на граѓаните и нивната структура, информации што се важни за следење на економските движења, унапредување на даночната усогласеност и креирање поефикасни јавни политики.

CATEGORIES
TAGS
Share This