ФМУ Одбележува 60 години со концерт на популарни жанрови

Професори, алумни и дипломирани студенти ќе настапат на заедничка сцена во рамките на концертната серија „Една сцена, шест децении музика“.

ФМУ Одбележува 60 години со концерт на популарни жанрови
Фото: Принтскрин

Факултетот за музичка уметност  Скопје продолжува со одбележувањето на 60-годишниот јубилеј, овојпат со концерт посветен на Катедрата за популарни жанрови.

Под мотото „Една сцена, шест децении музика“, на сцената ќе се обединат професори, алумни и дипломирани студенти на ФМУ, кои преку заеднички настап ќе ја претстават креативноста, енергијата и разновидноста на популарните музички жанрови.

Концертот е посветен на шест децении музичко образование, уметничка посветеност и создавање музичко наследство, кое низ годините го обликувале генерации професори и студенти на факултетот.

Настанот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, а под покровителство на претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

CATEGORIES
Share This