ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 19 степени

Денеска променливо облачно со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер, температурите ќе се движат од минус 1 до 19 степени, а во Скопје до 18 степени.

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА Променливо облачно со сончеви периоди, температурите до 19 степени
Фото: Национал

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурите ќе се движат од минус 1 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а температурата ќе достигне до 18 степени.

Според метеоролошките параметри за главниот град, атмосферскиот притисок ќе изнесува 984 хектопаскали, релативната влажност на воздухот 45 проценти, додека ветерот ќе дува со брзина од 3 метри во секунда.

CATEGORIES
Share This