НАД 500 ВОЗАЧИ ФТЕНИ СО БРЗО ВОЗЕЊЕ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА – МВР регистрираше 541 прекршок

Во засилената акциска контрола на 15 октомври, полицијата откри 291 прекршок во населени места и 250 надвор од нив. Регистрирани се и дополнителни 58 сообраќајни прекршоци.

НАД 500 ВОЗАЧИ ФТЕНИ СО БРЗО ВОЗЕЊЕ ЗА САМО ШЕСТ ЧАСА – МВР регистрираше 541 прекршок
Фото: Принтскрин

Вкупно 541 возач биле санкционирани за пречекорување на дозволената брзина во текот на шестчасовна засилена сообраќајна контрола што Министерството за внатрешни работи (МВР) ја спроведе на 15 октомври на територијата на целата држава.

Контролата се одвивала во периодот од 14 до 20 часот, а била насочена кон откривање и санкционирање на возачите кои не ги почитуваат пропишаните ограничувања на брзината.

Според податоците на МВР, од вкупниот број регистрирани прекршоци, 250 се однесуваат на возачи кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок биле констатирани во населени места.

Покрај прекршоците за брзо возење, полициските службеници регистрирале и 58 други сообраќајни прекршоци.

За сите утврдени прекршоци се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Од МВР најавуваат дека ќе продолжат со засилените сообраќајни контроли низ државата и апелираат до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат возењето на условите на патот.

Целта на ваквите активности е зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на ризикот од сообраќајни несреќи.

CATEGORIES
Share This