СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИБА НЕПРЕЧЕНО Без подолги задржувања на граничните премини

АМСМ предупредува на можни одрони на патиштата низ клисурите и речните долини и апелира до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот.

СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИБА НЕПРЕЧЕНО Без подолги задржувања на граничните премини
Фото: Национал

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози на одредени места, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, додека на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да управуваат внимателно со возилата, да ја приспособат брзината на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Посебна претпазливост се препорачува на патиштата што минуваат низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои опасност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во однос на сезонскиот режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен, преку Националниот парк „Галичица“, е отворен за сообраќај од 15 април за сите видови возила со тежина до 3,5 тони.

CATEGORIES
Share This