ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА ИБИЦА Патник направи хаос пред слетувањето, избувна тепачка во авионот (видео)

Маж наводно го игнорирал знакот за сигурносен појас и одбил да остане на своето место, по што дошло до физичка пресметка со други патници. Поради инцидентот, авионот морал да продолжи да кружи во воздух, а по слетувањето на Ибица интервенирала полицијата.

ДРАМА НА ЛЕТОТ ЗА ИБИЦА Патник направи хаос пред слетувањето, избувна тепачка во авионот (видео)
Фото: Принтскрин

Лет од Лондон до Ибица се претворил во вистински хаос откако патник, кој наводно го игнорирал знакот за сигурносен појас и станал од своето место пред слетувањето, предизвикал инцидент што ескалирал во тепачка.

Видеоснимка направена по избувнувањето на пресметката покажува група патници како го опкружуваат мажот, додека членка на кабинскиот екипаж се обидува да ја смири ситуацијата и му наредува да седне.

Според 28-годишниот Хари Вотсон, кој бил сведок на настанот на 5 октомври, авионот се подготвувал да слета на шпанскиот остров кога мажот станал за да оди во тоалет, и покрај тоа што знакот за сигурносен појас бил вклучен.

Вотсон раскажал дека неколку патници почнале да му довикуваат на мажот додека се враќал на своето место. Еден од нив, според сведокот, бил особено гласен, што дополнително ја влошило ситуацијата.

„На младиот човек тоа не му се допаднало, па се налутил и станал насилен кон мажот, што предизвикало тепачка“, изјавил Вотсон.

Според неговото сведоштво, инцидентот се повторувал, а патникот наводно почнал да напаѓа и други лица во авионот. Патниците едвај успеале да го совладаат, по што друг маж станал и го удрил.

Поради хаосот во кабината, пилотите не можеле да ги завршат подготовките за слетување, па авионот морал повторно да кружи во воздух. Тоа предизвикало дополнително нервоза кај патниците, кои веќе биле вознемирени од тепачката.

„Сите се изнервирале по некое време, особено затоа што авионот не можел да слета и морал повторно да кружи во воздух“, раскажал Вотсон, пренесува „Дејли мејл“.

По слетувањето на аеродромот на Ибица, шпанската полиција го уапсила патникот, му ставила лисици и го отстранила од авионот.

Од авиокомпанијата „Рајанер“ потврдиле дека екипажот побарал полициска интервенција уште пред слетувањето, откако еден патник почнал да се однесува агресивно.

„Рајанер“ нагласил дека има нулта толеранција за недолично однесување и дека ќе продолжи да презема мерки за да ја гарантира безбедноста на патниците и екипажот.

CATEGORIES
Share This