ЕКСПЛОЗИЈА НА НЕЗАДОВОЛСТВО ВО АЛБАНИЈА Младите четири дена на улица, полицијата употреби солзавец
Протестите против владата на Еди Рама се шират низ земјата, демонстрантите бараат промени и заминување на премиерот, а во неколку градови дојде до судири со полицијата и оштетување на јавен имот.

Фото: Принтскрин
Студенти и средношколци и четврти ден по ред протестираат против владата во Албанија, а демонстрациите од Тирана се проширија и во неколку други градови, каде што избувнаа судири со полицијата.
Според албанскиот „Јуронујз“, полицијата употребила солзавец за да ги растера демонстрантите, додека на некои места протестите биле проследени и со оштетување на јавен имот.
Во главниот град, млади луѓе од Тирана и од други делови на земјата марширале кон Министерството за образование, барајќи промени и заминување на премиерот Еди Рама.
Протестите во Тирана траат веќе четири дена, а претходните три биле обележани со тензии и конфликти. Засега, незадоволството на младите продолжува да се шири и надвор од главниот град.
CATEGORIES Свет

