КОЛАПСОТ НА ОБРАЗОВАНИЕТО Е КОЛАПС НА НАЦИЈАТА Илиевски алармира, Африкански држави се пред Македонија на ПИСА
Поранешниот просветен инспектор бара Сиљановска да го свика Советот за безбедност поради катастрофалните состојби во образованието и повторно ја предизвика министерката Јаневска на јавен дуел за да се најде излез од кризата.

Државниот просветен инспектор во пензија и колумнист на „Национал“, Ѓорѓи Илиевски, во гостувањето во подкастот „НОВ Асном“ алармираше за, како што оцени, катастрофалната состојба во македонското образование. Осврнувајќи се на резултатите од меѓународното тестирање ПИСА, тој предупреди дека одредени африкански држави се рангирани пред Македонија и побара итно и сериозно справување со образовната криза.
Илиевски повика претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да го свика Советот за безбедност за да се отвори прашањето за состојбите во образованието, а повторно ја предизвика и министерката Весна Јаневска на јавен дуел, со цел, како што рече, да се најдат решенија за излез од кризата.
„Колапсот во образованието е всушност колапс на нацијата“, предупреди Илиевски.
Погледнете го целото гостување во подкастот „НОВ Асном“.

