ТРИ ЛЕТА НЕДЕЛНО Дубаи и Скопје се поврзуваат со директни летови од март

„Флајдубаи“ воведува три лета неделно, се отвораат нови можности за туризам, инвестиции и трговија.

ТРИ ЛЕТА НЕДЕЛНО Дубаи и Скопје се поврзуваат со директни летови од март
Фото: Принтскрин

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, при работната посета на Обединетите Арапски Емирати оствари средба со главниот комерцијален директор на авиокомпанијата „Флајдубаи“, Хамад Обаидала, на која беше потврдено дека од март ќе биде воспоставена директна авиолинија меѓу Дубаи и Скопје, со три лета неделно.

На средбата биле разгледани можностите за продлабочување на економските и трговските односи меѓу двете земји, привлекување нови инвестиции и унапредување на туристичката и културната соработка.

Муцунски оценил дека воведувањето на директната авиолинија е конкретен резултат на активната економска дипломатија и напорите за подобро меѓународно поврзување на Македонија.

Притоа, била нагласена и улогата на Амбасадата на Република Македонија во Обединетите Арапски Емирати, чија континуирана работа во изминатиот период придонела за реализација на оваа иницијатива.

CATEGORIES
Share This