ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТЕЛ АВИВ Евакуирани патници од лет на „Делта“ по дојава за бомба

Авионот од Њујорк слетал на аеродромот „Бен Гурион“, по што патниците биле итно евакуирани. Безбедносните сили извршиле темелно пребарување, но не пронашле сомнителни предмети.

ДРАМА НА АЕРОДРОМОТ ВО ТЕЛ АВИВ Евакуирани патници од лет на „Делта“ по дојава за бомба
Фото: Принтскрин

Патниците на авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, кој летал од Њујорк кон Тел Авив, биле евакуирани по анонимна дојава за поставена бомба, објави британскиот медиум „Мирор“.

По слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“, веднаш биле активирани безбедносните процедури, а патниците биле пренасочени во терминалната зграда.

Авионот бил преместен во посебен дел од аеродромот, каде што безбедносните служби извршиле детална проверка за евентуално присуство на експлозивна направа.

По завршувањето на пребарувањето, не биле пронајдени сомнителни предмети. Според првичните проценки, се работело за лажна закана, а израелските власти соопштиле дека патниците не биле во опасност.

И покрај инцидентот, воздушниот сообраќај на аеродромот продолжил да се одвива нормално.

CATEGORIES
Share This