УЖАС ВО ШТИП Искршени фотографиите на жртвите од дискотеката ‘Пулс’“

Полицијата, засега, не излезе со официјално соопштение за случајот.

УЖАС ВО ШТИП Искршени фотографиите на жртвите од дискотеката ‘Пулс’“
Фото: МИА

Непознати сторители извршиле вандалски чин на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип, каде биле искршени фотографиите на петтемина штипјани кои трагично ги загубија животите во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во пожарот што избувна во кочанската дискотека „Пулс“ животот го загубија Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Дамјан Таневски и Филип Ивановски – сите млади штипјани чии фотографии беа поставени како симбол на почит и сеќавање.

Полицијата, засега, не излезе со официјално соопштение за случајот.

CATEGORIES
Share This