МНР СО ОСТРА ПОРАКА ДО СОФИЈА Ова е провокација и навлегување во нашиот правен систем

МНР бара почитување на судските постапки и еднаквост пред законот, без оглед на националноста или државјанството.

МНР СО ОСТРА ПОРАКА ДО СОФИЈА Ова е провокација и навлегување во нашиот правен систем
Фото: Национал

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска го повика бугарскиот амбасадор во Македонија, Желјазко Радуков, на разговор поради случувањата поврзани со Ива Михајлова и нејзиниот пречек во Софија.

На средбата, на Радуков му било пренесено дека начинот на кој Михајлова била пречекана во бугарската престолнина, вклучително и најавите за нејзин прием на високо ниво, претставува провокација, ги поткопува напорите за градење доверба и е спротивен на заложбите за развој на добрососедските односи, соопшти МНР.

Од македонското Министерство нагласиле дека ваквото постапување претставува директно навлегување во правниот систем на државата и испраќа погрешна порака во однос на почитувањето на судските постапки и принципот на еднаквост пред законот.

„Националната припадност или поседувањето друго државјанство не смеат да служат како основа за заштита од одговорност пред надлежните институции“, се наведува во соопштението.

На средбата било истакнато дека од Бугарија, како членка на Европската Унија, се очекува да ги почитува основните европски принципи, вклучително и судските постапки, институционалната соработка и владеењето на правото.

МНР најави и преземање соодветни чекори за информирање на меѓународните институции, особено оние на Европската Унија и Советот на Европа, за случајот.

Од Министерството порачуваат дека Македонија останува посветена на градењето добрососедски односи засновани на меѓусебно почитување, доверба и европски принципи, но очекува истата посветеност и одговорност да ја покаже и бугарската страна.

МНР УДРИ ПО СОФИЈА ЗА ИВА МИХАЈЛОВА Никој не смее да биде над законот

CATEGORIES
Share This