САМО ЕДЕН МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА СРЕДБИТЕ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА – МСУ во Бангкок (фотогалерија)

Претставници на МСУ учествуваат на глобалниот економски форум со водечките финансиски институции, каде во фокусот се вештачката интелигенција, продуктивноста и иднината на светската економија.

САМО ЕДЕН МАКЕДОНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ НА СРЕДБИТЕ НА ММФ И СВЕТСКА БАНКА – МСУ во Бангкок (фотогалерија)
Фото: Принтскрин

Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) е единствениот македонски универзитет на листата на учесници на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата Светска банка, кои од 12 до 18 октомври се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Универзитетот го претставуваат Михаела Ѓорчева, заменик-претседател на Управниот одбор, и Иван Спасев, член на Управниот одбор. Тие веќе учествуваа на неколку значајни сесии, меѓу кои и дискусии со претседателот на Групацијата Светска банка, Аџај Банга, како и на промоцијата на публикацијата „Shaping the Future of Asia“, отворена од генералната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.

Една од темите во фокусот на средбите е вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз економијата, особено во создавањето нови работни места, зголемувањето на продуктивноста и поттикнувањето на економскиот развој.

Учеството на МСУ на овој меѓународен форум претставува можност македонското високо образование да биде дел од глобалните дискусии за иднината на економијата, технологијата и општеството. Воедно, присуството овозможува размена на искуства, пристап до најновите меѓународни сознанија и воспоставување контакти со претставници на институциите што ги креираат глобалните развојни политики.

Годишните средби на ММФ и Светска банка се меѓу најзначајните меѓународни економски настани, на кои се собираат министри за финансии, гувернери на централни банки, претставници на финансиски институции, бизнис-лидери и академски претставници од целиот свет.

На форумот се разгледуваат клучните предизвици на светската економија, финансиската стабилност, инвестициите, економскиот раст, новите технологии и намалувањето на сиромаштијата. Дискусиите и размената на ставови придонесуваат за обликување на меѓународните економски политики и развојните приоритети во наредните години.

CATEGORIES
TAGS
Share This