БИТОЛА ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА ШИРОК СОКАК Пријавите се отворени до 2 ноември

Општината распиша јавен оглас за закуп на деловни простории на една од најпознатите улици во градот, а изборот на закупец ќе се врши преку електронско јавно наддавање.

БИТОЛА ИЗДАВА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР НА ШИРОК СОКАК Пријавите се отворени до 2 ноември
Фото: Принтскрин

Општина Битола објави јавен оглас за издавање под закуп на деловни простории на улицата „Широк Сокак“ бр. 160, кои се во општинска сопственост. Изборот на најповолен закупец ќе се спроведе преку електронско јавно наддавање.

Заинтересираните физички и правни лица можат да поднесат пријава за учество најдоцна до 2 ноември 2026 година, до 24 часот. Огласот е објавен на 13 октомври и трае 21 календарски ден.

Право на учество имаат домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите од огласот и законските критериуми за стекнување права на недвижности во земјата. Предмет на постапката е закуп на деловните простории, а не нивна продажба.

Пријавувањето се врши електронски преку информацискиот систем за јавно наддавање www.e-stvari.mk. Заинтересираните треба да ја достават потребната документација и сите докази наведени во целосниот оглас.

За увид во урбанистичко-планската документација, сликовниот приказ и разгледување на просториите на лице место, потенцијалните учесници можат да се обратат во канцеларија бр. 12 во административните простории на Општина Битола, секој работен ден од понеделник до петок, од 7:30 до 15:30 часот.

Деталните услови за закуп, потребната документација и останатите информации се достапни во целосниот оглас на официјалната веб-страница на Општина Битола.

CATEGORIES
Share This