ГРУБИ СЛОБОДЕН ОД КУЌЕН ПРИТВОР Но пасошот останува заклучен

Му истече законскиот рок за домашно ограничување, но границата и натаму му е затворена. Одбраната нуди недвижен имот од 335.707 евра за да му ја вратат патната исправа.

ГРУБИ СЛОБОДЕН ОД КУЌЕН ПРИТВОР Но пасошот останува заклучен
Фото: Принтскрин

Артан Груби од денеска повеќе не е во куќен притвор, откако на 13 октомври истече законскиот рок за траење на оваа мерка. Поранешниот вицепремиер речиси осум месеци беше под ограничување на движењето во домашни услови, но и понатаму нема да може да ја напушти државата.

Причината е што сè уште е во сила мерката за привремено одземање на неговата патна исправа, како и забраната за издавање нов документ за преминување на државната граница.

Неизвесно е дали судот ќе го прифати барањето на одбраната за враќање на пасошот. Адвокатите на Груби понудија гаранција во недвижен имот проценет на 335.707 евра, тврдејќи дека со тоа се обезбедува неговата достапност за органите на прогонот во текот на судската постапка.

Од Кривичниот суд претходно појаснија дека куќниот притвор истекува на 13 октомври 2026 година. Согласно Законот за кривичната постапка, притворот по поднесен обвинителен предлог може да трае најмногу 60 дена. Обвинителниот предлог против Груби бил поднесен на 13 август годинава.

Поранешниот вицепремиер е обвинет во случајот „Државна лотарија“, во кој меѓу обвинетите се и поранешниот директор на претпријатието, Перпарим Бајрами, и уште неколку лица.

CATEGORIES
Share This