ПУТИН САКАЛ ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ БРЕЗГИТ Британија тврди дека има докази
Британски функционер изјави дека Кремљ се обидел да влијае врз референдумот во 2016 година, на кој мнозинството гласачи го поддржаа излегувањето од Европската Унија.

Британската влада располага со докази дека Русија се обидела да влијае врз референдумот за Брегзит во 2016 година, но обидот на Кремљ не успеал, изјави Стивен Доути, раководител на Одделот за Блискиот Исток во британското Министерство за надворешни работи.
Според британскиот „Телеграф“, Доути потврдил дека постојат докази за наводното руско вмешување во референдумот одржан на 23 јуни 2016 година, на кој 51,9 проценти од гласачите се изјасниле за излез на Велика Британија од Европската Унија, додека 48,1 процент гласале за останување во Унијата.
Изјавата следува по тврдењето на британскиот премиер Енди Бернам дека постојат докази за руско вмешување во референдумот, нагласувајќи дека улогата на Кремљ треба „јасно и официјално да биде евидентирана“.

