УСТАВОТ Е ПРЕЧКА Единствена Македонија најави иницијатива за одземање државјанство

Партијата ќе бара при следната промена на Уставот да се создадат услови за враќање на одредбата што постоела во законодавството на поранешна СФР Југославија, за заштита на државните и националните интереси на Македонија.

УСТАВОТ Е ПРЕЧКА Единствена Македонија најави иницијатива за одземање државјанство
Фото: Национал

Единствена Македонија најавува дека при следната промена на Уставот ќе покрене иницијатива за изменување и дополнување на Законот за државјанството, со која ќе бара враќање на одредбата што постоеше во законодавството на поранешна СФР Југославија, а предвидуваше можност за одземање на државјанството на лица кои дејствуваат против државните интереси.

Сегашниот Устав на Република Македонија не дозволува одземање на државјанството на македонски државјанин, поради што уставната пречка мора најпрво да биде отстранета за да може да се пристапи кон соодветни законски измени.

Единствена Македонија смета дека во време кога Македонија се соочува со сè поголеми предизвици и дејствувања против нејзините национални интереси, државата мора да располага со соодветни правни механизми за заштита на својот суверенитет, безбедност и уставниот поредок.

Државјанството не смее да биде засолниште за оние што работат против сопствената држава!

Македонија мора да има законски механизми за заштита од оние што од странство работат против нејзините државни и национални интереси!

CATEGORIES
TAGS
Share This